Red Bull Music Academy Radio Night е единственото музичко случување, кое оваа година за прв пат во Скопје ги собира најистакнатите светски и домашни имиња и автори на квалитетниот звук.
За прв пат во Македонија, Red Bull Music Academy Radio Night ви ја претставува најголемата музичка работилница, проект во чии рамки на 26 Ноември ќе настапи еден од најдобрите француски DJи Franck Roger. Овој DJ ни носи беспрекорен house ритам, кој го прослави во еден од најжешките имиња во музичките кругови од Токио до Јоханесбург. Благодарејќи на влијанието од великани како Stevie Wonder, неговиот париски house звук се одликува со совршени примеси на jazz, soul, и добро познатиот groove. Негови најверни ентузијасти се оние кои го обожаваат фантастичниот dance ритам и smooth вокали. Поддршка во клубот Сектор 99 е познатиот македонски DJ Aleksandar Miskoski.
Она што ја прави Red Bull Music Academy Radio Night посебна е емитувањето на DJ сетови во живо на светската Red Bull Music Radio web станица, која до сега има реализирано над илјада екслузивни снимки, миксови, интервјуа и емисии во живо со најголемите светски музички ѕвезди на денешницата.
Се започна пред 12 години, со формирањето на Red Bull Music Academy, единствената работилница која секоја година ги собира најуспешните професионалци и најверните љубители на електронската музика во целиот свет, со цел да ги поделат и прошират искуствата и се разбира да уживаат во најдобрите светски клубови правејќи незаборавна музика.
Картите за овој настан можете да ги најдете на каса во кафе Излет, кино Карпош, Кала и Бастион.
Komentari
Dodaj komentar